Млад моторџија излетал од автопатот Скопје-Куманово

од Milan1
27 прегледи

На 20.04.2025 во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.50 часот на автопатот Скопје-Куманово, во близина на клучка Хиподром, мотоцикл со штипски регистарски ознаки, управуван од Д.И.(23) од Штип, излетал од автопатот.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информира МВР“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини