Млад скопјанец погоден е од куршум додека играл фудбал во Чаир

од Milan1
27 прегледи

– На 08.08.2024 во 22:51 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека во Поликлиниката Чаир со повреда бил донесен А.Д.(29) од Скопје.

Според пријавеното, тој бил повреден од заталкано зрно од огнено оружје во фудбалски терен – балон на подрачјето на Чаир.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и го подигнале зрното за понатамошна постапка, а на покривот од балонот било забележено оштетување од зрното, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини