Млада скопјанка со возило излетала од коловоз, со тешки повреди однесена во болница

од Milan1
23 прегледи

„На 20.07.2025 во 10:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Емин Бојане“ во село Бојане, општина Сарај, патничко возило „шкода“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Е.(30) од Скопје, излетало од коловозот.

Во несреќата Џ.Е. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје“, информираат од МВР.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Слични содржини