200
На 10.01.2022 во 15.05 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Б.Ј.(22) од Тетово. Таа се сомничи дека истиот ден одзела паричник и пари од канцеларија на вработена во Центар за зависности во Куманово.
Б.Ј. била приведена во полициска станица, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственичката. По документирање на случајот, против лицето ќе следи соодветна пријава.