Младата ѕвезда на Леверкузен на мета на Реал Мадрид

од Симе Стоиков

Флоријан Вирц, 20-годишниот играч на Баер Леверкузен, е главната ѕвезда на тимот предводен од Чаби Алонсо.

Се уште се непоразени во сите натпреварувања, а веќе е јасно дека ќе стават крај на доминацијата на Баерн во Бундеслигата и дека ќе ја освојат титулата.

Младиот играч за врска на Баер Леверкузен го привлече вниманието на европските гиганти, па беше објавено дека за него се интересираат Ливерпул, Манчестер Сити и Баерн.

Сепак, шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид е прв во таа трка и дека Флорентино Перез сака да го донесе Вирц во летото 2025 година. Се споменува цената од 100 милиони евра.

Оваа сезона Вирц има импресивно остварување од 11 гола и 17 асистенции во 37 натпревари во сите натпреварувања.

Слични содржини