Младенова: Не може медиумот да презентира содржина ако таа е придружена со омраза

од Vladimir Zorba
609 прегледи

Институтот за медиуми и аналитика ИМА“ од Скопје вчера организираше панел дискусија „Медиумите и кампањите со дезинформации и говор на омраза против родова и сексуална еднаквост“.

Вики Младенова, докторантка на меѓународни студии на Универзитетот за ориенталистика во Неапол, го потенцираше проблемот со медиумските содржини кои се придружени со омраза: „Не може медиумот да презентира содржина ако таа е придружена со омраза, и ако коментарите станат, практично, новата вест. “

Младенова укажа дека е должност на новинарите да ги спречат коментарите што повикуваат на насилство, што дехуманизираат, или деградираат: „Тие секции за коментари треба да бидат затворени, бидејќи таму не треба да биде дозволен говор на омраза или друг деградирачки говор.“

Слични содржини