Група млади од Шпанија пуштија во продажба вино во темносина боја. Производителите на пијалокот признаваат дека немаат никакво искуство во правење на вино, а сината боја била избрана спонтано, за да предизвикува изненадување.
Виното со марка “GIK” е создадено целосно за забава. Тоа е произведено од сорти бело и црвено грозје, а стандардната кобалт-сина боја доаѓа од додадените антоциани во него – природна состојка која се наоѓа во снегулките на грозјето.
Новиот производ е наменет првенствено кон помладите купувачи, кои се отворени за нови идеи и немаат изградени стереотипи и предрасуди за виното. Производителите ги советуваат своите идни корисници да заборават сѐ што знаат за овој пијалок.
Самото тоа содржи 11,5% алкохол и исто како полесните вина се служи разладено. Според неговите творци храната кои најмногу му одговара, е суши, начос, шпагети “Карбонара” и пушен лосос.