Младината на ВМРО-ДПМНЕ делеше мекици на плоштадот „Македонија“

од Nikola Popovski
387 прегледи

Денес на плоштадот „Македонија“ УМС на ВМРО-ДПМНЕ делеше мекици на случајни минувачи.

-Со оваа наша акција сакаме да помогнеме на поранешниот генерален секретар на Владата на Република Македонија. Сега кога повеќе не е на функција генерален секретар и кога повеќе не дели мекици за своите деца, неговите приходи се сигурно намалени, велат од УМС како реакција на вчерашната изјава на Драги Рашковски, кој по судското рочиште кажа дека не постои промена во неговата имотна состојба освен во подароците кои ги добивале неговите деца по повод родендени, крштевки, мекици и сл.

Од младината на најголемата опозициска партија прашуваат „колку мекици се потребни за купување на плацевите во Струмица од илјадници метри квадратни?“

-Колку мекици се потребни за стекнување со имотот во Побожје? Колку мекици се потребни за стекнување со возило олдтајмер марка Доџ? Колку мекици се потребни за купување на нов луксузен џип Волво? Колку мекици се потребни за стекнување со нови три мотоцикли, БМВ, Хонда и Кавасаки?

Имајќи предвид дека парите на сметките на неговите блиски беа од делење мекици, сега ние, „собраните средства“ ќе ги уплатиме исто на тие сметки, па да се надеваме дека со овој мал придонес ќе успееме да ги надополниме сметките на неговите најблиски за неколку милиони денари, стои во соопштението од УМС.

Слични содржини