Општина Центар продолжува со хуманитарната акција за помош на младиот Леонид Игнов, на кој му е потребно лекување во странство за да закрепне.
Во ТЦ ,,Рамстор” вчера е одржан уште еден хуманитарен новогодишен базар на кој со свои ракотворби и музички точки учествуваа ученици од општинските основни училишта.
Средствата собрани од продажбата на нивните креативни трудови и изработки ќе бидат донирани за медицинскиот третман на младиот Лео, кој се здоби со тешки повреди на `рбетот во несреќен случај пред неколку месеци.
На настанот се приклучи и градоначалникот Горан Герасимовски, со порака дека секоја донација е важна за да се помогне на Леонид.
Добротворниот базар се реализираше во рамките на хуманитарната програма на Општина Центар посветена на Лео, а со поддршка на Рамстор.
На 27 и 29 декември на вториот кат на ТЦ Рамстор ќе се одржат уште две слични манифестации на кои ќе учествуваат младите Центарци.