Младите неинформирани- Половите болести се шират како епидемија

од desk4
91 прегледи

Во земјава се зголемува бројот на лица кои се заразени со сексуално преносливи инфекции, пред се хламидијата. Ова се должи на тоа што младите во Македонија не се доволно информирани за нивното рептродуктивно здравје, велат од невладината организација Хера, објави Алсат М.

vaginalen_sekret3

Исто така, употребата на контрацепција меѓу младите е многу ниска и само пет проценти користат орална контрацепција, а кондом околу 36 проценти. Ова е далеку под европските просеци велат од Хера. Бидејќи во земјава нема сексуално образование во училиштата, потребна е поддршка за ваквите центри каде младите можат да се информираат за своето сексуално здравје.

„Во делот на оралната контрацепција ние сме една од земјите кои се ниско рангирани, Македонија е најниско рангирана земја во Еворпа, просекот во Европа е од 60 до 70 проценти, додека во Македонија е пет проценти. Тоа докажува колку младите не се информирани“, изјави Бојан Јовановски, извршен директор на Хера.