Дури 62 отсто од младите во Црна Гора живеат со своите родители, а во просек се осамостојуваат дури откако ќе наполнат 33 години, се вели во студијата на Центарот за граѓанско опбразование (ЦГО) насловена „Младите помеѓу маргинализацијата, радикализацијата и потенцијалот“.
Како што рече Никола Мирковиќ, програмски соработник во ЦГО и еден од авторите на студијата, во споредба со статистиката во Европа, во Црна Гора младите доцна стануваат независни.
За поголемиот дел од младите во Црна Гора најважно е да бидат независни, да преземат одговорност, да бидат верни (на партнерот, пријателите, работодавачот) и да имаат пријатели. Потоа следи професионален развој, односно кариера, а потоа основање семејство.
Мирковиќ додаде дека младите во Црна Гора покажуваат силна социјална дистанца кон корисниците на психоактивни супстанции и алкохол, ХИВ-позитивните, но и ЛГБТ, што укажува на присуство на хомофобија кај оваа група.
Кај младите во Црна Гора преовладува незаинтересираност за политика, што е придружено со ставот дека нивниот глас нема значително влијание врз функционирањето на институциите.