Млад Австралиец од Сиднеј е целосно вакциниран против коронавирус со две различни вакцини, и покрај тоа што има само 34 години.
Том Лис тврди дека не ги прескокнал редиците за вакцини и дека едноставно чекал пред центрите, со цел да добие она што го нарекува „зголемување на антителата“.
Вакцините Фајзер се достапни само за луѓе постари од 40 години во Австралија во оваа фаза или за оние кои работат во критични сектори, додека АстраЗенека е достапна за секој што сака.
Сепак, наместо да чека, Лис едноставно се појави во центарот за вакцини и ја проба својата среќа.
Лис првпат започна да ја зема АстраЗенека на 31 март. Оттогаш тој доби втора доза на АстраЗенека и две дози на Фајзер – последната во понеделникот во Олимпискиот парк во Сиднеј.- Што се однесува до прескокнувањето на редовите, јас не гледам така. Не украдов никакви вакцини. Само чекав во ред да добијам- изјави тој за News.com.au.
Истражувањето за ефикасноста на удвојувањето на вакцините е сè уште во рана фаза, но студија на Универзитетот во Оксфорд за индивидуални дози од секој тип даде ветувања.
Студијата Com-COV опфати 830 волонтери над 50 години и покажа дека вакцината АстраЗенека проследена со доза на Фајзер четири недели подоцна е скоро добра како и двојната доза на Фајзер.
Различен поредок, сепак, беше помалку ефикасен, додека двојната доза на Pfizer сепак даваше најдобри резултати.
Сепак, оваа студија не се осврна на двојната доза на две различни вакцини и нивниот ефект врз антителата против болеста.
Фото: Твитер