ММФ: Разликите во опоравувањето на сиромашните и богатите ја загрозуваат безбедноста на светот

од Stefanija Kuzmanovska
295 прегледи

Разликите во закрепнувањето на богатите и земјите во развој од пандемијата на ковид 19 се шират и ја загрозуваат стабилноста и безбедноста на целиот свет, предупреди шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

Силниот раст на богатите земји, како што се Соединетите Држави, е добра вест, но земјите во развој се попречени од бавната вакцинација на граѓаните против ковид 19, предупреди Георгиева.

„Ова е опасно за кохерентноста на растот, но исто така и за стабилноста и безбедноста на светот“, рече шефот на ММФ на почетокот на оваа недела на Парискиот мировен форум, на кој присуствуваа лидерот на СТО, Нгози Окоњо-Ивеала и претседателот на Светска банка Давид Малпас.

Загрижена е и Окоњо-Ивеала, која предупредува дека обновувањето може да поприми форма на буквата К, како одраз на многу слаб раст во региони како што се Латинска Америка, Средниот исток и Африка, како резултат на послабата фрагментација на населението.

Георгиева ги повика членовите на групата Г20 од 20-те најголеми економии во светот да преземат дополнителни чекори на состанокот во Венеција на крајот на неделата кога станува збор за споделување вакцини со други земји.

Донацијата од милијарда дози не е доволна, мора да бидеме поодлучни, рече шефот на ММФ.

Слични содржини