ММФ: Санкциите нема да влијаат на извозот на руска нафта

од Nikola Popovski
208 прегледи

На извозот на руска сурова нафта нема да влијае ограничувањето на цената на горивата воведени од земјите-членки на Г7, предвидува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

– Со сегашната горна граница на цената на нафтата поставена од Г7, не се очекува значително да се влијае на извозот на руската сурова нафта бидејќи руската трговија е пренасочена од земјите што воведоа санкции кон земјите што не ги воведоа, се наведува во прогнозата на ММФ.

Од 5 декември, Европската унија воведе ценовно ограничување за испорака на сурова нафта по морски пат од Русија на ниво од 60 долари за барел, а од 5 февруари и на нафтените деривати. Таа граница ќе почне да се применува паралелно со санкциите на ЕУ за купување на руска нафта која се превезува со танкери.

Како одговор на тоа, Русија го забрани снабдувањето со нафта на трети страни од 1 февруари, во случај во договорите директно или индиректно се размислува за употреба на механизми за одредување на граничната цена.

Слични содржини