На социјалните мрежи многу љубовни двојки често објавуваат фотографии со партнерот, а тоа укажува на сериозен проблем во врската.
Додека едно истражување покажа дека двојките кои имаат само неколку заеднички и профилни фотографии се посреќни во врската, ново истражување покажа дека оние кои сакаат на социјалните медиуми својата врска да ја прикажат како идеална, се всушност несигурни во чувствата на партнерот.
Ова се покажа како точно во експериментот кој опфатил 108 двојки. Луѓето во текот на две недели секоја вечер пополнувале кус прашалник. Пишувале за своите чувства и мисли за љубовната врска, како и за активностите на Фејсбук кои вклучуваат ставање фотографии, објавување статуси или коментари.
Резултатите покажале дека во деновите кога испитаниците се чувствувале несигурно објавувале повеќе онлајн работи за врската. Покрај тоа, едно друго истражување откри како личностите кои постојано пишуваат статуси за својата романтична врска имаат и лоша самодоверба.