МНОГУМИНА ПОВТОРНО ЌЕ ПАТУВААТ СО ВОЗ: „Дојче бан“ воведе билет од 7,49 евра

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Многу патници во Германија најверојатно повторно ќе се возат во воз во наредните недели. Имено, Германските железници (Дојче Бан) нуди поволна карта за кратко време која е поевтина од кога било досега.

„Дојче бан“ нуди супер евтин акциски билет, но само за кратко. Доколку сакате евтино да патувате со воз, треба брзо да си обезбедите билет, пишуваат германските медиуми.

Од Германските железници сакаат да привлечат што повеќе патници во локалниот јавен превоз со кампањата на суперекономични билети. Има и еднократна нова промотивна цена. Патувањето со регионален транспорт и ICE понекогаш се поевтини од вообичаените попусти до 25 евра по патување. Единечната цена на патување со „Дојче Бан“ може да падне на 7,49 евра.

Посебно добри врски има меѓу Бремен и Хамбург, но и меѓу Минхен и Аугсбург. Можете исто толку евтино да патувате од Келн до Дизелдорф или од Хановер до Волфсбург. „Дојче Бан“ на тој начин нуди можност за еднодневно патување во Минхен, Берлин или Хамбург, на пример, во лето.

Ограничен рок за супер евтини билети

Сепак, кампањата за билети со попуст на „Дојче бан“ е временски ограничена и завршува на 30 септември. Ако навреме резервирате билети онлајн, дотогаш можете да патувате по добра цена.

Според „Дојче бан“, билетите се очекува да важат до 14 декември. Тоа значи дека дури и повеќе патници од вообичаено ќе се префрлат на воз, бидејќи патувањата понекогаш се значително поевтини отколку со сопствен автомобил.

Единствено што треба да се има предвид се бројните работи на шините и можните пренасочувања на сообраќајот. Во следните неколку години „Дојче бан“ ќе вложи огромни напори за модернизирање на пругите.

Сепак, цените на актуелната понуда се непобедливи и исплатливи за патување во Германија, пишуваат германските медиуми.

Слични содржини