МНР ги осуди заканите кон новинарот Видановски од страна на Виктор Стојанов

од Milan1
50 прегледи

Министерството за нaдворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува заканите упатени на социјалните мрежи кон македонскиот новинар Александар Видиновски од страна на лицето Виктор Стојанов за репортажа објавена на телевизијата Канал 5.

– Секоја форма на притисок, закани или вербални напади врз новинарите и медиумските работници претставува и закана за слободното изразување и слободата на медиумите, и лесно може да ја загрози работата на новинарите која е од јавен интерес.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за овој случај веќе сигнализираше кај бугарските колеги преку механизмот за борба против говор на омраза воспоставен согласно Договорт за пријателство, добрососедство и соработка со цел негово евидентирања и соодветно постапување од страна на надлежните органи, се вели во соопштението на МНР.

Слични содржини