МНР: Избегнувајте патувања во Израел, Иран, Либан и Палестинските територии

од Симе Стоиков
184 прегледи

Министерството за надворешен работи (МНР) попладнево излезе со инфромација со предупредување до нашите граѓани да избегнуваат патување во неколку држави.

Во реакцијата од МНР лиферувана до јавноста се вели:

-Следствено на информациите за можно влошување на безбедносните состојби во Израел и регионот, Министерството за надворешни работи упатува апел до државјаните на Република Северна Македонија да избегнуваат патувања кои не се неопходни, во Израел, Иран, Либан и Палестинските територии.

Во оваа прилика, посочуваме на дежурниот телефон на Амбасадата на Северна Македонија во Тел Авив + 972 549 267 378 (мејл адреса [email protected] ) како и дежурните телефони на Министерството за надворешни работи +389 75 273 732/ +389 268 736 (меил адреса [email protected] ).

Слични содржини