Косовското Министерство за надворешни работи донесе одлука за забрани влез на Косово на сите српски официјални лица.

Јетлир Зуберај,советник на министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, на Фејсбук напиша дека Министерството за надворешни работи донело таква одлука поради заканите и нападите на Север, како и други проблеми.
„Поради српските хибридни закани кон Косово, постојаната пропаганда и лажни вести за земјата и нашите граѓани, како и неодамнешните напори за спречување на т.н. хуманитарна криза во северниот дел на Косово…Министерството за надворешни работи нема да дозволи ниту еден белградски официјален претставник да го посети Косово и сите барања ќе бидат одбиени се додека тоа однесување продолжува “, напиша Зиберај.