Министерството за надворешни работи на Литванија апелираше до своите граѓани во Белорусија да ја напуштат таа земја.
Според порталот „ЛРТ“, литванското Министерство смета дека сегашниот режим во Минск е „опасен по животот на цивилите“.
Патем, Литванија денес објави дека нема да дозволи никаков лет, ниту влезен, ниту излезен, да го преминува белорускиот воздушен простор, ден откако Белорусија го пресретна авионот на патот кон Вилнус и го уапси опозиционерот кој беше на тој лет.
„Сите летови што одат до или од литванските аеродроми преку белорускиот воздушен простор се забранети од утре“, рече министерот за транспорт Мариус Кудис на владиниот состанок во Вилнус.
За потсетување, авионот на компанијата „Рајанер“ беше присилно пренасочен кон аеродромот во Минск, придружуван од воени авиони, а од авионот беше изнесен Роман Проташевиќ, белоруски новинар и активист, за кого беше распишана потерница во Белорусија.