Тајванското Министерство за надворешни работи соопшти дека денешната посета на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на земјата ја покажува „челичната поддршка“ на САД за Тајван.
Министерството на Тајван ѝ изрази најискрено добредојде на Ненси Пелоси, наведувајќи дека нејзината посета ќе придонесе за подобрување на односите меѓу Тајван и САД, пренесе „Ројтерс“.
Истовремено, од кабинетот на тајванскиот претседател соопштија дека Тајван се надева оти посетата на Пелоси ќе придонесе за продлабочување на соработката меѓу двете земји, како и за мирот и стабилноста во индо-пацифичкиот регион, пренесе британската агенција.