МНР: Вековна традиција не смее да биде загрозена преку активности со кои се омаловажуваат или навредуваат народи

317 прегледи
Министерството за надворешни работи го осуди палењето на бугарското знаме на карневалот во Вевчани оценувајќи го како штетен по угледот на државата.
– Вековна традиција не смее да биде загрозена преку активности со кои се омаловажуваат или навредуваат народи, држави, особено нашите соседи. Го осудуваме палењето на знамето на Република Бугарија на Карневалот во Вевчани, чин кој не само што го нарушува реномето на Карневалот туку и нанесува штета на угледот на Република Македонија, се наведува на фејсбук-профилот на Министерството за надворешни работи.
За потсетување, утринава пристигна остра вербална нота од страна на бугарскиот амбасадарот во земјава, но своја реакција на социјалните мрежи имаше и министеркатс за надворешни работи на соседна Бугарија, Екатерина Захариева.

Слични содржини