Полска ги обновува војските за територијална одбрана и се потпира во септември тие да бројат 35 000 луѓе.
Како што изјави министерот за одбрана Антони Мачеревич на конференција на воено-патриотски организации во градот Оструда, веќе се распределени клучните командни позиции во овие сили.
Силите за самоодбрана ќе се пополнуваат со доброволци од месното население, членки во воено-патриотски здруженија. Тие ќе добиваат плата, пишува Павле Аксонов, ББС, руска редакција.
Во Полска дејствуваат неколку организации обединети во асоцијација “Стрелец”. Тие се претстават за продължители на традицијата на воено-патриотската “огнена унија”, создадена во 1910 година во Лавов.
Секое од 16-те полски војводствата ќе добие по една бригада од силите за територијална одбрана. Во централното Мазовецко војводство – најголемо и најгусто населено, ќе бидат формирани две бригади.
“Хибридна војна”
Гжегож Квашнјак – советник на полскиот министер за одбрана, кој ќе биде одговорен за новите сили, го објасни нивното создавање со заканата од “хибридна војна”. Според него сили од овој род се најпогодни за одговор на слични предизвици.
Тој воопшто не ја спомена Русија, но тактиката за која станува збор, се поврзува токму со политиката на Кремљ кон Источна Украина (во април тој спомена за опасност кај Русија).
DW: Гласен молк од Брисел
“Хибридно војна” се нарекува конфликт, во кој земјите користат и обична воена сила, и нередовни формации, освен тоа широко применуваат сајбер, информативни и други нестандардни методи за водење војна, вклучувајќи и герилска тактика и терористички акции.
Слични војни често се водат тајно, без да се објавуваат официјално, и во многу земји се наметнува сознанието дека Русија ја користи оваа тактика кон Украина.
Сега полските власти, вклучувајќи и воената команда, ја смета руската воена активност во западната насока како подготовка за воен конфликт со источноевропските земји, вклучувајќи и со Полска. Москва има војници во својот западен воен округ и ги обвинува земјите од НАТО дека токму тие подготвуваат војна.
Сепак формации за територијална самоодбрана ќе се создаваат на прво место во источните војводствата коие се наоѓаат поблиску до Русија.
Зошто има потреба од милиции?
Некогашната Полската народна република имаше сили за територијална одбрана, натоварени со функциите на внатрешните сили, а во составот беа вклучени и граничните војски. Овие сили беа распуштени во 1989 година
Во последните години во Полска се проговори за можноста да бидат обновени, но концептот, широко се дискутираше во печатот и експертската заедница, а се предвидуваше тие да се различни по карактер од војниците, кои постоеле во Полска во Студената војна.
Според овој концепт силите за територијална одбрана се потребни со цел пооперативно и флексибилно реагирање на премногу широк спектар на закани – од терористички акции и други насилни дејствија до природни или технички несреќи.
Формации од овој вид се третирани како повеќе тесно поврзани со локалните граѓански власти , помалку независни од тешката армиска структура како редовни армиски единици.
Овие формации сепак добиваат армиска подготовка и се целосно воено способни, за да може да се користат при воен конфликт. Таквите единици може најефикасно да вршат безбедносни и други секундарни функции за воени и цивилни објекти, да го одржуваат редот во ситуации со кои не може да се справи полицијата, а нема можност да се побара армиска поддршка.
Важечките во Полска до денес воени организации ќе учествуваат во маневрите “Анаконда-2016”, организирани на полска земја од 7 до 17 јуни, заедно со војничкиот контингенти на голем број земји од НАТО.
Кои надежи ги дава армијата
Сепак Полска заедно со останатите членки на НАТО во последно време вложува активни напори да го зголеми потенцијалот на вооружените сили. Причина се влошените односи со Русија.
Во споредба со другите земји од Источна Европа Полска се издвојува со прилично воено најспособна стоијладна армија и со трошоците за воени потреби – два проценти од БДП (ангажман што е превземен од сите земји од Алијансата, но не сите го извршуваат).
Во 2015 година Полска усвои амбициозна десетгодишна програма за модернизација на вооружените сили на вредност 42 милијарди евра. Како изведувачи во оваа програма веќе дејствуваат водечките европски и американски производители на оружје.
Таа предвидува модернизација на системите за противракетна одбрана, борбените хеликоптери, подморниците, оклопната техника и беспилотни летала. Често пати станува збор за комплекси вчезени во вооружувањето од полската армија уште во советско време.
Повторното вооружување опфаќа прво противракетната одбрана. Пред една година заменик-министер за одбрана на Полска изјави дека по завршувањето на полскиот систем за ПРО ќе може да се справи со руските балистички ракети “Искандер”.
Но при можнниот, според Варшава, конфликт со Москва Полска нема да смета само на своите вооружени сили.
Како што изјави на 1 јуни министерот Мачеревич, на самитот на НАТО во Варшава во јули ќе биде објавено официјално распоредување на четири борбени баталјонски групи од Алијансата во Полска, Естонија, Латвија и Литванија.
Противењето
Мачеревич призна дека еден баталјон во постојана подготвеност нема да ја зголеми одбранбената способност на полските војници дотаму што ќе ги одврати руските сили. Ниту пак има таква задача.
“Ова се челни сили, кои заедно со армиите на земјите каде се наоѓаат, ќе можат да спречат агресија за времето потребно на Алијансата, за да ги организира своите структури и сили и да се заштити земјата учесничка”, ги цитира печатот негови зборови.
Досега НАТО признаваше дека при воен конфликт ќе изгуби познати територии и ќе треба да ги преосвои. Сега – благодарение на дополнителните сили, алијансата се потпира да ги брани своите позиции, истакна министерот.
Во последниве месеци Русија почна да располага по западниот оперативно правец нови сили и да организира вежби, протолкувани во балтичките земји како знак дека може да подготвува инвазија.
Во јануари 2016 година се дозна дека Русија ќе формира во Западниот воен округ три нови единици како прилог на идната резервна армија, креирана во истиот регион.
Москва впрочем тврди дека: прво, тоа оперативно место било најслабо заштитено во последниве години и тоа само треба да се поправи, и второ, денес тоа треба итно да биде зајакното уште повеќе токму заради активните напори на НАТО.
