Мобилна апликација кажува во кој банкомат во Грција има пари

од Vladimir Zorba
128 прегледи

За да заштедат на Грците на празното чекање во редиците пред продавниците и пред банкоматите, тројца компјутерски специјалисти создадоа мобилна апликација која покажува каде се наоѓа најблискиот банкомат и дали е наполнет со пари, соопшти Франс прес.greece-crisis-getty

Апликацијата “Најди банкомат” веќе е достапна за телефони со оперативен систем “Андроид” и наскоро ќе може да се користи и со онаа на “Епл”. Идејата му е да го олесни животот на Грците со паметните телефони, кои се принудени да чекаат пред банкоматите, за да си ги повлечат своите 60 евра на ден, откако земјата наметна пред две недели строга контрола врз капиталот.

Апликацијата покажува дали машината за повлекување на пари е “празна”, дали има “само банкноти од по 50 евра” или има “и банкноти од по 20 евра”.

Тоа е приватна и целосно бесплатна услуга, чија единствена цел е да им помогне на луѓето да не доживеат разочарување, изјавија за АФП креаторите на апликацијата.