Научниците спроведоа интересно истражување, цврсто решени да разберат дали жените или мажите сакаат да имаат повеќе секс. За таа цел тие развиле специјална мобилна апликација, со што ќе се утврди врската помеѓу плодноста и зачестеноста со која различните жени практикуваат или сакаат да имаат секс.
Излегува дека девојките го сакаат сексот, колку и момчињата. Во истражувањето учествувале 500 претставнички на понежниот пол, кои ги користеле смартфоните за следење на менструалниот циклус и репродуктивното здравје. Утврдено е дека 3/4 од жените немаат доволно секс според потребите на нивниот организам.
Резултатите покажуваат дека во просек дамите сакаат интимност три пати неделно, а 15% од нив се подготвени на секс по 6 пати неделно. 70% од жените велат дека иако не добиваат оргазам секој пат тие се задоволни со својот сексуален живот со партнерот. За испитаниците сексот не е само задоволство, туку можност да почувствуваат приврзаност и љубов, време во кое се заедно со својот партнер и немаат ништо против тоа да им се случува почесто.