Мобилна апликација ќе ве натера да се заљубите во друг врз основа на омраза

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Ако досега не сте пронашле совршен партнер за себе, можеби е време да го промените пристапот. И да ја побарате на базата не на заеднички интереси, туку на заедничка антипатија. Звучи лудо, нели? А можеби не сосема.

Новата апликација за виртуелни состаноци и социјални контакти “Хејтер” (hater – човек кој мрази) ги собира луѓето едни со други според совпаѓањата во … работите кои ги мразите. Програмата подготвува профил врз основа на работите кои сте ги забележале дека ги мразите или сакате, а потоа ви наоѓа соодветни “половини” или пријатни познанства.

Од списанието истакнуваат дека “Хејтер” располага со над 2 000 теми, од кои треба да изберете што најмногу ве дразни – луѓе кои одат бавно, вегански апели, “кифли” селфиња, улична сообраќај или пак најпопуларното оваа година – Доналд Трамп.

Првично креаторот на апликацијата и поранешен вработен во “Голдман Сакс” Брендон Алпер имал намера да ја искористи идејата за комичен скеч. Но, потоа му паѓа на памет дека тоа всушност не е воопшто лош план за обединување на луѓето. Апликацијата ќе може да симне за iPhone од 8 февруари, но и отсега може да фрлите едно око на бета верзијата.

Што чекате? Доаѓа Св. Валентин, па зошто да не мразите … во пријатно друштво? Како што велат “Од омразата до љубовта има само еден чекор”.