Мобилни острови – нова мода меѓу богаташите

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Луксузните јахти наскоро би можеле да станат „надмината работа“ за милијардерите, бидејќи компанијата „Мигалу Прајват Сабмаринс“ наскоро на оние со „подлабоки џебови“ ќе почне да им нуди приватни мобилни острови.

02-beach-6-superyacht-by-Pastrovich-Studio_passion4luxury-2

Како што наведуваат американските медиуми, иако навидум идејата изгледа помалку налудничава, сепак компанијата серизоно работи на проектот и од таму сметаат дека е само прашање на време кога некој милијардер ќе си нарача приватен мобилен остров.

Станува збор за структура делумно потопена во вода, која нуди луксуз каков што се среќава само во најскапите хотели.tocka-157467

Секој мобилен остров ќе се гради според желбите на сопствениците, а компанијата е подготвена за почеток на изградбата веднаш штом ќе ја добие првата порачка.

Компанијата информира дека цените на овие мобилни острови ќе зависат од желбите и барањата на купувачите