Мобилниот сообраќај на податоци ќе се зголеми за 10 пати за пет години

од Vladimir Zorba
136 прегледи
Во наредните пет години мобилниот сообраќај на податоци ќе се зголеми за 10 пати, прогнозира Циско во својот најнов извештај. Ако во 2014 година обемот на мобилниот сообраќај бил 30 екзабајти, тогаш во 2019 година, мобилниот пренос на податоци ќе достигне 292 екзабајти, претекнувајќи го три пати растот на фиксниот сообраќај.mobile-hand-hed-2013
Клучен фактор за растот ќе стане зголемениот број на моќни мобилни уреди и M2M машини (Machine to machine), во комбинација со екстензивен пристап до брзи мрежи. Додека во 2014 година „паметниот“ сообраќај, кој опслужуваше развиени компјутерски и мултимедијални услуги, заземаше околу 88-отсто од глобалниот мобилен сообраќај, тогаш до 2019 година процентот ќе порасне до 97-отсто.
Трендот на раст на „паметниот“ сообраќај ќе се одржува од клучните фактори како преминот од обични телефони кон смартфони, преродба на ноутбуците – веќе со можности на таблети – и зголемувањето на M2M апликациите.
Во 2017 година се очекува 3Г сообраќајот да го престигне 2Г и да излезе на прво место меѓу мрежните технологии по удел на врските. Во 2019 година на 3Г мрежите ќе зафаќаат 44-отсто од сите мобилни уреди и врски, а 4Г мрежите – 26-отсто од линковите кои ќе генерираат 68-отсто од сообраќајот.