Секоја компанија сонува нејзините производи и услуги да се претворат во лудост меѓу корисниците. Кинеската Tencent сепак е меѓу ретките компании, на која морале да ја ограничат на сопствениот производ, бидејќи е премногу зависнички. Токму тоа се случува со мобилната игра Honour of Kings, соопштува Reuters.
Играта има над 200 милиони корисници од кои поголемиот дел се во Кина. Толку е популарна, по што Tenecent добила бројни поплаки за деца, кои се практично зависници од неа. Затоа компанијата воведува ограничувања. Играчи на возраст под 12 години ќе можат да играат само по еден час дневно. Играчите на возраст меѓу 12 година и 18 година можат да играат до 2 часа на ден. Освен тоа играчите под 12 години нема да можат воопшто да влезат во играта по 21 часот по локално време, ќе имаат и ограничувања на парите кои можат да ги потрошат.
120