Бескрајната фантазија на секакви стилисти и шминкери е добредојдена во козметичката индустрија, која им обезбедува не само поле за докажување, но и производи со кои се материјализираат и најхрабрите соништа.
Највпечатливите идеи се појавуваат на модната писта и само неколку часа подоцна ги обиколуваат сите социјални мрежи со ентузијастички и заколнати модни дами кои ги имплементираат новостите во своето секојдневие.
Откако го видовме актуелниот тренд за кожа со пеги, очекувавме некаков развој. Не одзеде многу време да го добиеме она што го сакаме.
Еден од најактуелните трендови за пролет 2016 меѓу најхрабрите дами се испоставува модернизираната верзија на споменатите пеги.
Овој пат, сепак, тие не се како последица на ген или сончеви зраци, туку на брилијантен брокат.
Техниката за поставување е исклучително лесна – бара да разнесете сосема мало количество вазелин на јаболчниците или непосредно под очите и едноставно да ги посипете со брокат.
Убавината на трендот се крие не само во сјајот, но и во отсуство на непотребно внимание за нанесувањето на брокат, бидејќи колку понесериозен е тој, толку подобро.
Чистењето е исто така особено лесно . Не е потребно да користите специјални производи или да вршите притисок.
Едноставно нанесете неколку капки производ за чистење на лице врз памук и поминете преку зоните.