Модерна ги тужи Фајзер и Бионтек за копирање на патент за вакцина против ковид

од Stefanija Kuzmanovska
262 прегледи

Фармацевтската компанија „Модерна“ ги тужеше „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“ за прекршување на патент во развојот на првата вакцина против ковид-19 во САД, тврдејќи дека тие ја копирале технологијата развиена од „Модерна“ години пред пандемијата.

Тужбата, со која се бара неодредена парична отштета, е поднесена во Окружниот суд на САД во Масачусетс и Регионалниот суд во Дизелдорф, Германија, соопшти денеска „Модерна“.

„Ги поднесуваме овие тужби за да ја заштитиме иновативната технолошка платформа mRNA која првпат ја развивме, инвестиравме милијарди долари во создавањето и патентирањето во текот на деценијата која ѝ претходеше на пандемијата на ковид-19“, рече извршниот директор на „Модерна“, Стив Банселс, пренесе „Ројтерс“.

Слични содржини