Американската компанија „Модерна“ денес објави дека го зголемува глобалното производство на антиковид вакцината во обид да се произведат до три милијарди дози во 2022 година.
Компанијата предвидува дека оваа година ќе испорача меѓу 800 и милијарда дози од својата вакцина.
Таа изјави дека гледа напред бидејќи на голем дел од светот и следната година ќе му биде потребен првиот круг на вакцинации против ковид 19, а исто така се подготвува за можноста на луѓето да им биде потребна дополнителна доза вакцина.
Вакцините на „Модерна“ се одобрени за употреба кај возрасни лица во САД, Европската унија и многу други земји.
Компанијата наскоро очекува податоци од американско истражување за примена на нејзината вакцина во две дози на возраст од 12 до 17 години и започна со тестирање на помлади деца.
Дози на малку модифицирани вакцини исто така се проучуваат за подобро да се борат против вознемирувачките мутирани верзии на коронавирусот.