Индискиот премиер Нарендра Моди во петокот му порача на рускиот претседател Владимир Путин дека сега не е време за војна бидејќи светот е многу загрижен за обезбедувањето на храна, енергија и снабдувањето со ѓубрива.
„Знам дека денес не е доба за војна и тоа ви го кажав по телефон“, му рекол Моди на Путин на маргините на самитот на регионалниот безбедносен блок во Узбекистан, додавајќи дека демократијата, дипломатијата и дијалогот го држат светот заедно.
Путин рече дека ја разбира загриженоста на Моди за војната во Украина.
„Го знам вашиот став за конфликтот во Украина и ги знам вашите причини за загриженост. Сакаме сето тоа да заврши што е можно поскоро“.
Путин, кој исто така се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг на самитот, во средата рече дека ја разбира загриженоста на Пекинг за војната.
Моди и Путин разговараа на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (ШСО), чии постојани членки, заедно со Индија, ги вклучуваат Кина, Русија, Пакистан, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан.
Фото: Александр Демьянчук, ТАСС