Модриќ добил две понуди да го напушти Реал Мадрид

од Vladimir Zorba

Лука Модриќ добил две понуди да го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната. Договорот на 36-годишниот ветеран истекува за неколку месеци, кога ќе стане слободен играч. Шефовите на „Сантијаго Бернабеу“ се обидуваат да го убедат повторно да потпише, но Хрватот не брза да даде конечен одговор и се чини дека сака да почека и да ги види сите опции што ќе ги има.

Новинарот Серхио Сантос тврди дека со претставниците на Модриќ контактирале Јувентус и клуб од Катар. Двата клуба изјавија дека сакаат да го ангажираат Хрватот како слободен играч по крајот на сезоната.

Катарците најверојатно ќе се обидат да го искушат Модриќ со огромна плата. Јувентус тешко дека ќе може да му понуди толку пари, но тимот од Торино гради сериозен проект и се очекува да се врати следната сезона во битката за Скудетото и во борбата за Лигата на шампионите, што може да го убеди Модриќ да се фрли во овој предизвик.

Во моментов, сепак, играчот не се брза да донесе одлука и ќе чека до последниот можен момент пред да даде конечен одговор на сите засегнати страни.

Слични содржини