Модриќ останува во Реал Мадрид

од Vladimir Zorba

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ (36) ќе остане во редовите на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид до летото 2023 година, објави „Марка“.

Угледниот шпански спортски весник наведува дека Модриќ и „Кралскиот клуб“ ги договориле сите детали од новиот договор кој ќе трае до летото 2023 година.

Освен Модриќ, договорите треба да ги продолжат и Бразилецот Касемиро до 2025 година, а Германецот Тони Крос до 2024 година, открива „Марка“, додавајќи дека Реал наскоро и официјално ќе ги објави потписите на договорот со тројцата играчи од средниот ред.

Актуелниот договор на Модриќ со Реал трае до крајот на сезоната, но капитенот на „Ватрените“ со одличните игри принуди еден од најуспешните клубови во светот да му понуди продолжување на соработката.

Ова е добра вест за хрватската репрезентација која на крајот на следната година се очекува да настапи на Светското првенство во Катар.

Поранешниот најдобар фудбалер на светот на Сантијаго Бернабеу пристигна во 2012 година од Тотенхем за 30 милиони евра.

Модриќ забележа 409 настапи во дресот на „Лос Бланкос“ и постигна 28 голови. Со Реал освои дури 16 трофеи, вклучувајќи четири Лига на шампиони (2014, 2016, 2017, 2018).

Слични содржини