Модриќ на пресвртница – нов договор во Реал или крај на кариерата во дресот на Хрватска

Договорот на Модриќ со Мадрид истекува на 30 јуни, а а не пристигне понуда за продолжување на соработката, тој ќе ја заврши кариерата, пред се од семејни причини.

од Бети Божиноска
271 прегледи

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ одлучил да ја отфрли опцијата да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија или во САД, а во текот на летото или ќе потпише нов договор со Реал или ќе ја заврши кариерата, пренесуваат шпанските медиуми. .

Според информациите, договорот на Модриќ со Мадрид истекува на 30 јуни, а а не пристигне понуда за продолжување на соработката, тој ќе ја заврши кариерата, пред се од семејни причини.

Ако се случи такво нешто, тоа значи дека Модриќ практично ќе ја заврши кариерата во дресот на хрватската репрезентација на претстојното Европско првенство, каде што ќе се појави по петти пат во кариерата.

Модриќ, кој во септември ќе го прослави својот 39-ти роденден, во Реал Мадрид е од 2012 година и има освоено 24 трофеи, од кои пет во Лигата на шампионите, како и Златната топка за 2018 година.

Слични содржини