Високата претставничка на Европската унија, Федерика Могерини ја осуди одлуката на Приштина за зголемувње на таксите на српски производи за 100 отсто и побара таа одлука да се повлече.

– Денешната одлука на владата во Косово да ги зголеми царините врз производите од Србија и Босна и Херцеговина за 100 отсто е јасно нарушување на Централноевропскиот договор за слободна тргговија (ЦЕФТА) и на духот на Договорот за стабилизација и асоцијација, пишува во реакцијата на високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.
Според неа, тоа дополнително ја влошува ситуацијата по првичното воведување на десет отсто зголемување на царини минатата година