Могерини плачеше како Мухамед XII кога ја предаваше Шпанија на Европјаните

од desk3
95 прегледи

“Плачеш како жена, зашто не можеш да се заштитиш како маж”, рекла мајката на Мухамед XII кога расплечениот Емир го напуштил дворецот Алхамбра за церемонијата на која и го предал на Шпанија последното исламско царство во Западна Европа. Тоа беше во 1492 година. Сега нишалото се враќа назад.

MOGSUL
Кога минатата недела муслиманите повторно ја натераа христијанска Европа да бара скривиница, единствено ронер солзи шефот за надворешна политика на Европската унија Федерика Могерини. Припадноста на напаѓачите, нивната мотивација и цели станаа јасни набргу откако тие убија десетици и предизвикаа хаос во европската престолнина: Тие биле активирани од Исламска држава (ИД), која од своја страна објасни преку нејзината новинска агенција дека таа ги “нападнеакрстоносните држави “- т.е. христијанството – и дека има во резерва за нив “црни денови”, кои ќе бидат многу полоши од она што досега издржала Европа.
Изјавата на францускиот претседател Франсоа Оланд по нападите во неговата земја во ноември дека “Франција е во војна” оваа недела ја претвори во “Европа е во војна”. Исламистичката војна во Европа сега достигна до седиштето на ЕУ, ги симна на половина знамињата, кои ја опкружуваат, непосредно пред голем член на ЕУ – Велика Британија – да упати предупредување до патниците за престолнината на ЕУ.

sl1
Малку мерки би можеле да ги заштитат се повеќе зголеменото сомневање дека ЕУ е еден срушен експеримент, и дека муслиманскиот предизвик со кој се соочуваат многу европски влади, ќе биде погубно за нивниот Сојуз. Сегашниот муслимански предизвик се развива речиси низ три генерации, откако Западна Европа ги отвори вратите за миграција, која во поголемиот нејзин дел, не успеа да ги апсорбира.
Во историски план Европа и исламот биле во конфликт со прекини од VIII в., Кога муслиманските војски завладеале со Шпанија и потоа навлегуваат до Франција во Пиринеите, пред да стигнат во Италија и да достигнат до Рим. Последователното муслиманско управување – од Барселона до Сицилија, може да биде омаловажавено од денешните Европејци христијани, но за некои муслимани тоа е светло и насочува кон спомени. На сличен начин османлиските освојувања во другиот крај на Европа оставаат трауматизирани спомени во Грција,Македонија, Бугарија, Србија и Унгарија.

American Thinker го посочи најголемиот судир на ЦИА и Пентагон во Сирија

Сега ова наследство на дисхармонија се враќа на преден план. За разлика од претходните муслимански упади во Европа, кои доаѓаат по воени освојувања, сегашното присуство има генерално мирна имиграција, чии причини и резултати ги вратија во умовите не средновековните битки на Европа со муслиманите, и колапсот и падот на древниот Рим.

sl2
Пред Рим да биде “оставен на неприродниот бес на племињата од Германија и Скитите”, како што го опиша Едвард Гибон во “декаденцијата и падот на Римската Империја”, бројот на Римјаните во нивнатаармија постојано се намалува; средната класа се оданочуваа со премногу висок даноци, за да бидат финансирани грандиозни јавни згради; градови, кои биле социјалниот рбетот на империјата, и се урива под тежината на странските миграции; хедонистичката елита се повеќе ја одбегнува политиката; и верниците во нова религија го загрозуваат социјалниот, политички и културен ред.
Голем дел од она што се случува во Европа, постепено, но цврсто во последните децении, е како што древен Рим ги отвори вратите- за една работна сила, која доведе со себе триумфирачки фанатици на верата, додека самите Европејци имаат помалку деца, работат помалку часови плаќаат големи даноци за грандиозни јавни проекти и бараат од своите граѓани се помалку воена служба. Порозните граници на Европа и нејзината ранлива валута сега се осомничени од растечки број од нејзините жители, како дел од синдромот на политичка слабост и самонаметнатата ранливост. Сето ова е работата, а веќе и гноило, многу пред немирите од оваа деценија на Блискиот Исток.

Сега, кога бегалци од арапските граѓански војни препливуваат до нејзините брегови, се чини дека Европа се соочува со нешто што застанало со смртта на Рим и нападот на исламот. Додека овој вид историска перспектива не биде разгледана во самиот Брисел, кој штотуку беше земен на нишан, Европа ќе биде во одбрана од освојувањата на нејзините непријатели кои ќе се собираат. Нивните христијански жртви ќе стануваат се понервозни, несигурни и, во крајна линија насилни. И така, што треба да направи Европа? Првото нешто што Европа треба да направи е да се утврди непријателот.
Да го нарекуваш непријателот “терор” не е само погрешно, но и измамнички. Теророт не е непријател, туку оружје на непријателот. Непријателот е исламскиот фундаментализам, идеологијата која ги храни терористите и ја облеа Европа во крв. Втората цел треба да биде враќање на политичката виталност која ЕУ ја оштети несвесно. Во оваа врска најнеповолнз штета беше нанесена од воведувањето на еврото, една неспроведлива валута, која наметнува силни економии над слабите, прво обезбедувајќи им финансиски подароци, а потоа задолжувајќи ги, а во меѓувреме го гаи бегство од одговорност.
За да се води војна, пред каква што е соочена Европа, треба враќање на политичката одговорност и влијание, и тоа може да се постигне само од влади кои оданочуваат директно со даноци и трошат независно. Тоа значи дека владите кои ќе изберат да продолжат да го делат еврото, ќе треба да создаде целосно единствен буџет и даночен систем. Останатите ќе треба да го напуштат и да ги обноват своите претходни валути. Ова ќе биде тешка операција, но ќе го закрепне разбирањето дека сите Европејци – како граѓани, така и влади – се враќаат кон состојбата на самопомош.

sl3
Во исто време постои треба да се промени односот кон безбедноста и распределувањето на ресурсите. Процесот веќе започна во Франција и Велика Британија, каде буџетите на армијата, полицијата и специјалните служби беа зголемени во последните месеци, откако со години имаше кратења на овие трошоци. Уште како што целиот свет виде оваа недела, административната апатија и летаргија остануваат главен проблем на европската безбедност.

Спречување на доаѓањето на оружје и експлозиви на товарните терминали бара не само инсталирање на повеќе детектори за метал, какви што дефинитивно недостасуваат во Белгија. Потребни се илјадници детективи, внимателно да разгледуваат што откриваат илјади камери, додека цивилни агенти патролираат по потенцијалните патеки на потенцијалните натрапници. Набавката и распоредувањето на сето тоа ќе чини богатство, но тоа е она што Европа треба да го направи за да го победи исламскиот непријател против кого се соочува.

Ова исто така ќе доведе до тензии, при што ќе се прават компромиси со човековите слободи што одамна е сфатено во САД, да не го споменуваме Израел. Во овој дух Европа ќе мора да отстапи од утопијата за отворени граници. Менталната транзиција, која тоа ќе го бара, е многу слична на онаа кој Израел го претрпе во текот на последната деценија пред изградбата на антитерористичката ограда.
Првично пречекана со противење од двете израелски утопии – онаа која се плаши дека ќе биде направен компромис со Голем Израел и оној што се плаши дека ќе биде овековечен неуспехот на визијата за мир од Осло – оградата сепак се издигна, бидејќи луѓето им наложија на политичарите. Уринатите ѕидови на Европа веќе се изградени одново, исто поради притисокот од долу, во Унгарија, Австрија и Бугарија, додека граничните контроли се обновува меѓу Данска и Шведска.
Британското предупредување против патување во Брисел оваа недела исто така е форма на обновување на внатрешните европски граници. Во следните години ќе има уште такви работи, дури и ако Велика Британија не гласа да ја напушти ЕУ на референдумот за тоа во јуни. Обновата на границите е само почеток на една поширока промена во начинот на размислување, за што ќе инсистираат се повеќе и повеќе Европејци и нивните лидери ќе треба да го извршат ако сакаат да преживеат политички.
Овие напори треба да бидат насочени и навнатре и нанадвор. Внатре Европа ќе треба да им каже на своите луѓе, дека таа е во војна и тие доброволно треба да се вклучат. Ова ќе значи проширување на задолжителниот воен рок за силите за безбедност, создавање на доброволни организации за цивилна заштита, кои ќе помагаат за заштита на јавни места, а исто така и убедување на млади парови да имаат повеќе деца, бидејќи демографската криза на христијанска Европа води до видот социјална дегенерација, која го уништи древниот Рим. Надвор Европа ќе треба да влезе во квартовите, умовите и срцата на своите муслимански имигранти и да се бори таму за своите убедувања, како физички, така и преку воспоставување на непријатели и третманот како такви – и образовно, преку поттикнување на своите идеи и убедувања. Тоа е она што нејзиниот исламистички непријател го прави ден по ден, година по година, додека Европа ги отвора своите граници, разводнува пари, прави компромиси со својата работа и има се помалку деца. Ако нема враќање на чувството за општествена цел, политички авторитет, лична одговорност и социјална виталност – христијанска Европа може да биде осудена. / БГНЕС
————-
Амотц Аса-Ел, весник “Ерусалим пост”