Могерини повика политичарите да престанат даго користат инцидентот за промоција.

Насилството врз жените во Европа постоело и пред масовниот прилив на мигранти, изјави високиот претставник за надворешна политика и политиката на безбедност Федерико Могерини за време на посетата на Прага. “Постојат добри и лоши луѓе, без оглед на нивната националност или потекло”, рече таа. Могерини истакна дека политичарите ги користат инцидентите во Келн за промоција. “Неопходно е да се запре ова однесување”, истакна Могерини. Во Келн, во пресрет на Нова година беа извршени масовни напади врз жени од мигранти. Полицијата добила околу 400 жалби од настрадани, кои станаа жртви на сексуално насилство. / РИА “Новости”