Црна Река се излеа повторно во општина Могила и поплави неколку села. Најкритична е состојбата во селото Радобор, каде што надојдените води го оневозможуваат слободното движење. Критична е состојбата и во селата Вашарејца, Лознани, Чарлија.
Водата се излеа на местото каде што почна и не заврши санацијата на најкритичните места во општината, кај селата Тополчани – Лознани – Трој Крсти.
Голем проблем во Могила и околните села е и снегот, кој постојано врнe од вчера и кој веќе се топи.
