Мохамед Ал-Фајед сексуално ја нападнал ќерката на амбасадорот, кралицата Елизабета го казнила со недавање британско државјанство

од Milan1
60 прегледи

Ќерката на американскиот амбасадор во Велика Британија, Мелиса Прајс откри како Мохамед Ал-Фајед, кој е тужен од повеќе од 200 жени за сексуален напад, со сила ја однел на јахта и се обидел да ја силува.

Животот на ќерката на американскиот амбасадор, Мелиса Прајс (19) Лондон изгледал како бајка, додека Мохамед Ал-Фајед не се обидел да ја силува. За се биле информирани тогашната премиерка Маргарет Тачер и кралицата Елизабета, а Фајед поради тоа останал без британско државјанство. Беа средината на осумдесеттите и таа одела таму каде што бил и нејзиниот татко, Чарлс Прајс, доверлив пријател на тогашната премиерка Маргарет Тачер и американскиот претседател Роналд Реган.

Таа често присуствуваше на вечери и приеми организирани од нејзиниот татко и мајка, Керол, во Винфилд Хаус, официјалната резиденција на амбасадорот, распространета на 12 хектари во Риџентс Парк, централен Лондон.

На еден таков собир, таа првпат го запознава Мохамед Ал Фајед, кој штотуку ја купил стоковната куќа „Хародс“. Со тој потег се обидел да се доближи до британскиот џет-сет.

„Тој седеше десно од мене на вечерата. Отпрвин мислев дека е духовит и смешен, но вистината беше дека тој воопшто не беше таков”, изјавила Мелиса за „Дејли Меј“.

Таа ја открила правата вистина неколку недели подоцна, кога Фајед ја нападнал на својата јахта откако ја заробил на неа, далеку од брегот на Сен Тропе.

„Тој дојде зад мене и толку силно ги завитка рацете околу мене што воопшто не можев да го мрдам горниот дел од телото, тешко можев да дишам. Потоа почна да поставува изопачени барања поткрепени со сексуални закани. Се обиде да ме силува. беше првиот пат кога се најдов во вистинска опасност Бевме сред океан, немаше копно на повидок“, истакна таа.

Најлошо од сè, рече таа, членовите на екипажот, од кои некои биле поранешни војници, го слушнале нејзиниот плач, но само ги затвориле очите и ушите.

Меѓутоа, таа успеала фатално да му ја гризне надлактицата и на тој начин да се спаси. Мелиса никогаш порано не зборувала јавно за тие темни, вознемирувачки денови во септември 1986 година.

„Сигурна сум дека со тој чин Фајед ја уништи последната шанса да го добие британското државјанство по кое толку копнееше“, рекла Мелиса, а потоа го опишала настанот кој засекогаш и го променил животот.

„Кога видоа дека не одговарам 48 часа, татко ми ги предупреди сите од г-ѓа Маргарет Тачер, до кралицата Елизабета, до Белата куќа и седиштето на ЦИА во Ленгли“, рече Мелиса, додавајќи:

„Тој е чудовиште. Фајед ме зеде против мојата волја. Тоа ми го промени животот и секогаш ќе ме следи”, рекла таа и опишала дека никогаш нема да заборави како реагирал нејзиниот татко, кој секогаш бил многу заштитнички настроен кон неа.

Слични содржини