„Моите ветувања не се само празни зборови“: Костадинов најави мерки за подобрување на стандардот на струмичани

од Берта Китинска
243 прегледи

Градоначалникот на Струмица,Костадин Костадинов денеска најави зголемување на дотацијата за секое новороденче од сегашните 3.000 денари на 6.000, а самохраните родители кои примаат плата помала од просечната ќе бидат целосно ослободени од плаќање за згрижување на нивните деца во градинките.

-2022 ќе биде година посветена на многу проекти, активности и мерки со цел подобрување на секојдневието на струмичани.Дотацијата за секое новороденче од досегашните 3.000 денари, ја покачуваме на 6.000 денари.Самохраните родители кои примаат плата помала од просечната, ќе бидат целосно ослободени од плаќање кон детските градинки за нивните дечиња.Едноктратна финансиска помош за секое семејство кое ќе запише прваче во училиште.Во следниот период ќе ја запознавам јавноста за сите други мерки од кои директен бенефит ќе имаат граѓаните.Моите ветувања не се само празни зборови, информираше Костадинов

Слични содржини