„Мојот трет брат“: Данијела Мартиновиќ на настан со кумот на Петар Грашо и Хана Хуљиќ

од Stefanija Kuzmanovska
300 прегледи

Данијела Мартиновиќ присуствуваше на настан заедно со кумот на Петар Грашо и Хана Хуљиќ.

Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо изненадија многумина со раскинувањето по повеќе од две децении врска, а набргу потоа познатиот пејач се ожени со младата Хана Хуљиќ со која неодамна доби дете.

Даниела извесно време не се појавуваше многу често во јавноста, а изгледа конечно реши да се фокусира на себе и да продолжи со животот и покрај се што и се случи.

Познато е дека долгогодишниот пријател на Данијела и Петар бил кум на свадбата на Грашо и Хана, но исто така не го прекинал односот со Данијела.

Томаж Кавчиќ е словенечки готвач, кого Данијела често го опишува како нејзин брат, споделува заеднички фотографии со него, а тој успеа да го зачува односот и со неа и со Петар по нивното ненадејно раскинување.

„Мојот пријател, мојот трет брат… Поминаа 22 години од првата средба. Томаж е сонувач, визионер, момче во костум на маж. Му веруваше само на своето срце и ја доби својата прва Мишелин ѕвезда. Светот конечно го дозна она што јас го знам дваесет и две години“, напиша еднаш Данијела.

Слични содржини