Мојсоска: Пратеникот и рекордер за патни трошоци Петар Ристески од Прилеп денес во Собрание дофрлаше пцовки додека седев сама

од Milan1
597 прегледи

Пратеничката од Левица Јована Мојсоска обвини дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески недолично се однесувал, односно дофрлал пцовки кон неа во Собраниската сала.

„Пратеникот и рекордер за патни трошоци Петар Ристески од Прилеп денес во Собрание дофрлаше пцовки додека седев сама (ничим изазван) – изгледа нервозен од Законот за патни трошоци“,  напиша пратеничката Јована Мојсоска на социјалните мрежи.

Инаку денес не помина предлогот на Левица за ограничување на патните трошоци на пратениците. По обраќањето на пратеникот Амар Мециновиќ, претседателот на Собранието, Африм Гаши го стави предлогот на гласање за дали да се носи по скратена постапка.

Од 100 присутни пратеници, гласаа само 23 и тоа 22 „за“, еден беше „против“, а немаше „воздржани“, со што предлогот на пратениците на Левица не беше усвоен.

Веднаш по ова се огласи и лидерот на партијата, Димитар Апасиев.

-ДПМНЕ не го изгласа предлог-законот на Левица за намалување на ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ на пратениците! Честито нови милиони евра, колеги патриоти. Со здравје да си ги трошите, објави претседателот на опозициската партија на социјалните мрежи.

Според сегашната методологија, за секои извозени 100 километри, пратениците наплаќаат по околу 1.700 денари на име патни трошоци плус патарини. Левица предлагаше овој трошок да се намали на 6,5 литри гориво на поминати 100 километри, што би било околу 500 денари.

Слични содржини