„Вмровската судијка ДАНИЕЛА ДИМОВСКА денес Судскиот совет ја избра за ВД претседател на Кривичниот суд како ЕДИНАЕСЕТ РАНГИРАНА. Значи наместо најдобро рангираниот судија, Судскиот совет за ВД претседател ја постави дури 11-рангираната!
Дел од нејзиното богато партиско минато и заслуги за оваа висока позиција е тоа што била асистентка на пратеникот Влатко Ѓорчев, додека нејзиниот сопруг работел во кабинетот на Тимчо Муцунски (како градоначалник на Аеродром).
Циркусот од вмровската интерпелација против Судскиот совет беше една обична фарса, а власта на пресови веќе ја нема да најавува разрешување на членовите на Судскиот совет. Очигледно, интерпелацијата за власта е успешна. Ги дисциплинираа членовите од Судскиот совет за конечно вмровските судии од “тефтерчето” на Горде да добијат функции во нивното партизирано судство“, објави на својот Фејсбук профил пратеничката на Левица Јована Мојсоска.