Поранешниот ракометен репрезентативец на Македонија, Наумче Мојсоски ќе биде нов директор на Агенцијата за млади и спорт.

Тој на местото директор ќе го наследи Дарко Каевски кој е избран за пратеник во Собранието.
Мојсоски со активната играчка кариера заврши во 2016 година, а за националниот тим има преку 100 натпревари.