„Задоволство ми е да го најавиме овој затворен училишен базен во Карпош, дел од проектот за 14 училишни базени на целата територија на државата. Ова е десеттиот базен, кој ќе може да биде користен од спортистите, рекреативците, но најмногу од училиштата од Општина Карпош“ рече директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски при почетокот на градежните работи на базенот во Карпош.
Тој додаде дека му е задоволство што се прават вакви проекти кои значат за младите и спортот во државата.
„Во пливањето заостанувавме, имавме само еден или два функционални базени. Со овој проект се градат 14 базени“ рече Мојсовски.
Тој додаде дека во Карпош круна ќе биде и реконструираната сала Партизан, која започна да се реновира минатата година, а за еден месец ќе биде комплетна и предадена на општина Карпош.