Меѓународниот олимписки комитет (МОК) одлучи да ги исклучи членовите на Извршниот комитет на Националниот олимписки комитет (НОК) на Белорусија, предводени од Александар Лукашенко, од Олимписките игри и другите настани на организацијата, изјави портпаролот на МОК Кристијан Кло.
„МОК одлучи да преземе привремени мерки против Националниот олимписки комитет на Белорусија и да ги исклучи сегашните членови на извршниот одбор на НОК на Белорусија од сите настани на Меѓународниот олимписки комитет, вклучувајќи ги и Олимписките игри“, рече Кло во пораката објавена на Твитер.
„Исто така беше одлучено да се суспендираат сите финансиски плаќања на НОК на Белорусија, освен за плаќања поврзани со подготовка на белоруски спортисти за Олимписките игри во Токио и Зимските олимписки игри во Пекинг и да се прекинат сите состаноци со претставниците на Белорусија во врска со идните настани во организација на МОК“, додаде Кло.
Организацијата ќе продолжи да ја следи состојбата и го задржува правото да ги прегледа своите активности или да ги откаже преземените мерки во зависност од развојот, рече портпаролот на МОК.
Претходно беше објавено дека МОК започна истрага против Белорусија под сомнение за политички прогон на спортисти.