МОЛБА ИЛИ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ? Бајден го контактираше Путин, бара Навални да биде ослободен од притвор

од Nikola Popovski
184 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден го повикал својот руски колега Владимир Путин да го ослободи лидерот на опозицијата Алексеј Навални, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

Таа прецизирала дека двајцата лидери разговарале на телефон минатата недела.

Таа додала дека Бајден „не се воздржувал од изразување загриженост“ за руските активности, пренесува Ројтерс.

Претходно оваа недела, Белата куќа објави дека двајцата лидери се согласиле тимовите на двете земји итно да се договорат за продолжување на договорот за контрола на вооружувањето Нов СТАРТ, кој истекува на 5 февруари.

Навални беше уапсен по наредба на Сојузната казнено-поправна служба за повеќе прекршувања на условната казна. Рускиот опозиционер и блогер ја напушти Германија, каде се лекуваше за наводно труење, со цел да се врати во Русија, каде му се заканува казна затвор.

Слични содржини