Молдавија го воведе еврото како референтна валута

Преминот од американскиот долар во евро го одразува економското поместување на Молдавија кон пазарот на Европската унија, објави Националната банка на Молдавија

од Vladimir Zorba
42 прегледи

Молдавија се префрли на користење на еврото како референтна валута за одредување на официјалниот курс на молдавскиот леи наместо американскиот долар.

Народната банка на таа земја во својата одлука од 15 ноември наведе дека преминот од американскиот долар го одразува економското придвижување на Молдавија кон пазарот на Европската унија и дека ќе ги намали флуктуациите на девизниот курс, пренесе Танјуг.

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, ја поздрави одлуката на Народната банка (БНМ).

„Оваа промена ќе има корист од нашата надворешна трговија, ќе го олесни финансиското планирање за извозниците и инвеститорите, но и ќе обезбеди поголема предвидливост во меѓународните комерцијални трансакции“, рече Санду.

Таа посочи и дека оваа одлука на Народната банка на Молдавија ќе им овозможи на молдавските компании полесно да извезуваат на европскиот пазар.

Слични содржини